Фудбалерите на Македонија Ѓорче Петров го одржаа официјалниот тренинг на „Тоше Проески арена“ во Скопје, во пресрет на утрешното големо финале во Купот на Македонија. „Лавовите“ стигнаа на чекор до целта и за последна пречка го имаат составот на Академија Пандев. Евентуалниот триумф ќе биде втор во клупската историја на ѓорчепетровци.
Тренерот Таневски им ги подели последните инструкции на фудбалерите пред утрешниот голем дуел.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА