Македонскиот алпски скијач, Мирко Лазаревски не ја заврши слаломската трка на Европскиот младински зимски олимписки фестивал кој се одржува во финскиот Вуокати.
Лазаревски ќе има уште една шанса на овие игри, во велеслаломската трка која на програмата е утре.
Покрај Лазаревски наши преставници во Вуокати ќе бидат и Михаела Даноска во бијатлон и Јана Куковска во уметничко лизгање.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА