Лазаревски: Честитки до цела екипа, до навивачите… уште повеќе ќе растеме како репрезентација

ЕКИПА во Вараждин,

Стеван Цаневски

Милан Лазаревски одигра одлично во нападот во првото полувреме, цел меч го даде својот вообичаен придонес во одбраната, а одличниот пивот на прес-конференцијата не го криеше задоволството од играта и заслужената победа на македонската репрезентација.

„Беше многу важно за нас да победиме, сакам да им честитам и на навивачите кои останаа да ни дадат поддршка. Знаевме дека нема да ни биде лесно со Катар, ги гледавме нивните последни натпревари и знаевме дека имаме сериозен противник. Инсистиравме на брза транзиција, селекторот одлично не подготви за овој дел од играта и целосно одговоривме на она што се бараше од нас. Честитки за целата наша екипа, игравме добар ракомет цело првенство, покажавме за што сме способни, а верувам дека уште го немаме достигнато нашиот полн потенцијал. Благодарност до селекторот за добрите совети, верувам дека уште повеќе ќе растеме како репрезентација како што ќе одминува времето“, истакна Лазаревски.

Се вчитува...