Милан Лазаревски на најдобар можен начин блесна на дуелот со Грција, со серија прекрасни голови и пожртвувани реакции во одбраната покажувајќи се во извонредно светло на неколку дена до почетокот на ЕП 2024.
Пивотот на Вардар одлично го искористи отсуството на болниот Пешевски и повредениот Маркоски, покажувајќи дека на него мора сериозно да се смета на претстојниот европски шампионат. Лазаревски денеска одигра извонредно, но останува скромен потенцирајќи дека најважен сепак е колективот, кој секогаш мора да биде ставен пред било кој индивидуален настап.
„Овој натпревар не беше ниту малку наивен. Грчката репрезентација е доста потценета. Имаме информација дека во нивниот штаб имаат француски советник, па кренато е нивото на репрезентацијата. Од друга страна, нашиот селекотор добро нè подготви. Секако дека имавме подеми и падови, меѓутоа поентата е да ги сведеме грешките на минимум. Имавме доста тактички замисли кои моравме да го испробаме и тогаш веројатно имавме осцилации. Со нетрпение го очекуваме настапот на Европското првенство. Како што кажав веќе, би било неблагодарно превреме да прогнозираме. Сепак, можам да кажам дека нашето неискуство ќе биде надополнето со желба и тоа нема да се одрази. Сметам дека ќе имаме добар настап. Благодарен сум за повикот, чест и задоволство е да се игра за репрезентацијата. Мислам дека на сите позиции сме добро потковани, а колективот го исфрла поединецот на површина. Денес ми се погоди мене, утре ќе биде некој другм најважна од се е репрезенацијата на Македонија“, изјави Лазаревски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА