ЕКИПА во Вараждин,
Стеван Цаневски
Македонските ракометари во релаксирана атмосфера го дочекуваат утрешниот дуел со Катар (15.30 часот), меч на кој „црвено-жолтите“ се надеваат на првата победа во главната фаза, втора севкупно на овој мундијал.
Селекторот Лазаров и неговите избраници вчера имаа можност да ги видат на дело Катарците на дуелот со Холандија, при што во очи на нашите ракометари им падна една важна работа.
„Од она што го видовме со Холандија, Катар не се покажа како наивен противник. Иако бековите во таа селекција се во поодминати години, покажаа дека можат да придонесат и тоа како за нивниот репрезентативен тим. Мислам дека пред нас е тотално различен натпревар од претходните, ама ако пристапот ни е ист како и на минатите мечеви, може да дојдеме до позитивен резултат. Според мене наш адут треба да ни биде транзицијата и полуконтрата која ја негуваме, што е евидентно на ова СП. Ако се знае дека нашиот утрешен ривал има постари играчи, можеме да им направиме проблеми. Иако се физички силни, мислам дека се доста троми и таков начин на игра и пристап за нив би било невозможно да ни одговорат. Таму ја гледам нашата шанса за позитивен исход“ заврши Лазаревски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА