Македонскиот репрезентативец и ракометар на Вардар, Милан Лазаревски демонстрираше вистинско спортско однесување на гостувањето на „црвено-црните“ во 2. коло од Европската лига на ЕХФ.
Вардар во моментов го игра вториот натпревар во Европската лига на гостувањето против германски Мелсунген.
Уште во првиот дел имаше непријатна ситуација на паркетот. При еден дуел на Лазаревски со тунискиот репрезентативец Мохамед Амине Дармул, се повреди ракометарот на германскиот тим. Лазаревски, низ тие моменти, во желбата за еден вид извинување за противничкиот играч, додека се чекаа медицинските служби како вистински спортсмен го подигна во раце Дармул и го изнесе надвор од теренот како би добил соодветна лекарска помош.
Вардар по првото полувреме има висока негатива од 17-10 против Германците.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА