Лазаревски: Фаворити сме и имаме квалитет за да ја отвориме новата сезона со победа

Најтрофејниот македонски ракометен клуб Вардар групната фаза од Лига Европа ја започнува со натпревар на домашен терен против исландски Валур во натпревар кој ќе биде одигран во вторник со почеток од 20 часот и 45 минути во СЦ „Јане Сандански“.

Свој поглед на повратничката сезона на скопскиот тим на европската сцена даде и Милан Лазаревски.

„По две години пауза присутни сме на европската сцена. Поволна група за нас во ова натпреварување. Овој прв меч ќе има посебно значење бидејќи противникот ни е по мерка. Брзината и транзицијата им се главно оружје. Сметам дека ние сме фаворити и имаме одлична позиција со победа да ја отвориме новата сезона“, вели Лазаревски.

Се вчитува...