ЕКИПА во Дизелдорф,
Стеван Цаневски
Македонската ракометна репрезентација претрпе пораз од 39-29 од Франција на отварањето на Европското првенство кое во следните денови ќе се одржува во Германија. „Црвено-жолтите“ одиграа солидно против фаворизираниот противник, но на крајот на успеаја да избегнат двоцифрен пораз.
По натпреварот свој поглед на средбата даде и Милан Лазаревски кој вели дека од овој натпревар можат да се извлечат и позитивни работи.
„Тешко е да се биде задоволен со пораз како спортист несомнено, но како и да е од овој меч може да извлечеме позитивни работи. Имаме уште четири дена до следниот меч. Беше прекрасно да се игра пред ваква публика и атмосфера, благодарност до нашите навивачи. Бевме ние рамноправни во еден момент, но дојде на израз силата и брзината на Франција. Планот ни беше одличен, ама брзоплетите грешки на стартот на вториот дел кога игравме седум на шест, продадовме неколку топки евтино и така се направи разликата. Ако го тргнеме на страна резултатот, Французите не беа толку поквалитетни од нас како што диктира нивното име. Има повеќе позитивни работи од негативни по овој натпревар за нас“, изјави Лазаревски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА