ЕКИПА во Вараждин,
Стеван Цаневски
Милан Лазаревски имаше лавовска борба со француските ракометари во текот на последниот меч на СП, а македонскиот репрезентативец беше прилично самокритичен по последниот дуел со Франција.
Пикерот веднаш по мечот рече дека не е задоволен воопшто од неговата игра, но и дека Македонија не била на посакуваното ниво и покрај тоа што противник беше еден од фаворитите за највисок пласман.
„Не би се согласил дека е достоен пораз од Франција, иако апсолутно се фаворити не само на овој меч, туку и за освојување на медал. Но, не бевме максимално на ниво денеска, покрај тоа што е неоспорлив квалитетот на противникот. Не се покажавме најдобро, правевме многу грешки. Јас ќе се ставам на прво место, не бев тука вечерва, не бев на натпреварот. Можеби имаме некои позитивни работи кои треба да ги извлечеме. Можеме и многу подобро против една ваква селекција. Жалам лично за себе за денешното издание, сметам дека не бев на потребното ниво. Притоа сакам да им честитам на остатокот на момците, во најголем дел бевме доста добри, исклучувајќи ги некои работи кои секогаш ќе се случуваат. И не е толку лошо, но мислам дека ќе извлечеме поука од ова Светско првенство“, изјави Лазаревски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА