Работнички е во негативна серија од четири последовни порази, последниот дојде во 32.коло од Шкендија (0-1), и тоа со гол примен во 90.минута од натпреварот. „Романтичарите“ се наоѓаат на шестата позиција на табелата со 39 бода, но само со два бода позитива во однос на Силекс кој е на осмото место што носи и бараж за опстанок во елитата.
Тренерот Баже Лазаревски повикува на мобилизација, стои цврсто зад своите фудбалери и верува дека Работнички ќе излезе од летаргијата.
„Поразите никогаш не се добредојдени, а најмалку во финишот на првенството. Мора да излеземе од летаргијата и да се потрудиме да го вратиме победничкиот лик. Знам дека фудбалерите чувствуваат и замор, крај е на шампионатот, но мораме да го дадеме максимумот за Работнички да го заокружи првенството како што доликува. Не очекува дуел со Вардар и ќе се обидеме да одиграме квалитетно и да освоиме бодови“, изјави шефот на стручниот штаб, Баже Лазаревски, за официјалниот сајт на клубот.
Работнички в среда ќе му гостува на Вардар во 33.коло од Првата фудбалска лига.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА