Лазаревски: Со нетрпение го очекуваме Европското првенство

Ракометната репрезентација на Македонија продолжува со подготовките за Европското првенство во Германија, во кое покрај домаќинот за противник „црвено-жолтите“ ќе ги имаат и Франција и Швајцарија.

Репрезентативниот пикер, Милан Лазаревски во гостување во МТВ вели дека со нетрпение го очекува првенството каде што ќе има шанса да се прикаже во најдобро светло.

„За мене ова е второ големо натпреварување, се надевам дека ќе имам поголема улога од претходното, со нетрпение го очекуваме првенството. Иако на хартија сме најнеискусни во групата, во никој случај не смее да се постави прашањето дали оваа оваа репрезентација е кадарна. Има играчи кои располагаат со квалитет, имаме голема желба да играме во националниот дрес, па нашето неискуство ќе биде анулирано на овој начин. Не сум љубутел на прогнози, ова е колективен спорт, неблагодарно е да дадам прогнози. На крајот на денот одиме да видиме до каде сме и тоа против кремот во Европа, против репрезентации кои се најдобрите во целиот свет, предизвикот е добедојден кај сите. Лазаров ги има достигнато најголемите височини, има победнички менталитет кој постојано се обидува да пренесе за време на тренинзите. Слободно можам да кажам целата екипа стои позади него и веруваме во тоа што го работи во одреден момент ќе се покаже како позитивно“, изјави Лазаревски.

Се вчитува...