Македонската ракометна репрезентација претрпе пораз од Хрватска на првиот контролен меч за ЕП 2026 одигран во Пореч.
Иако Хрватите настапија без главните „ѕвезди“ во оваа репрезентација, сепак предводени од одличниот голман Дино Славиќ се радуваа на победата. Според селекторот Кире Лазаров, клучни за конечниот исход беа токму тие наши промашувања и одбраните на Славиќ.
„Промашивме пет пенали, три на самиот почеток, со таква реализација не можеш да направиш ништо. Имаме дота проблеми, доста дупки, но се обидовме некои работи да ги направиме на најдобар начин, да се обидеме со некои нови сили. Да речеме, ни недостигаше Лазаревски, но добро, што е тука е… остануваме овде до 30 декември, по што одиме на турнир во Швајцарија, па на ЕП… Нема да биде лесно, кај нас очекувањата секогаш се големи, ќе беа уште поголеми ако славевме денеска над Хрватска, но ние ќе се бориме“, изјави Кире Лазаров за „Спортске Новости“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

