Лазаров: Баражот е голем влог, Словачка е сериозен противник

Селекторот на македонската репрезентација Кире Лазаров, даде свој коментар за Словачка – противникот на Македонија во баражот за Светско првенство.

Словачката селекција ја мина Украина и ќе игра против Македонија за пласман на Мундијалот, а селекторот Лазаров предупреди дека ќе играме против сериозен противник и дека ќе треба селекцијата добро да се подготви.

„Бараж натпреварот за Светско првенство е голем влог. Мораме сериозно да се подготвиме. Противникот е сериозен, каде на чело имаат селектор Шпанец со големо искуство и шпански стил на игра. Имаме време да се спремиме, се надевам дека играчите ќе бидат би добра физичка кондиција и здрави пред крај на сезона. Тактички се квалитетно спремни и играат доста дисциплинирано. Се надевам нашите играчи во нашата лига ќе добиваат повеќе простор и минути за игра за да во добра форма го дочекаме баражот“, рече Лазаров.

Се вчитува...