Лазаров отворено по мечот: „Не знам дали смеам да кажам што ми е на душа, да не навредам некого!“

ЕКИПА во Хернинг,

Стеван Цаневски

Македонската репрезентација ремизираше 29-29 на вториот меч од ЕП 2026 против селекцијата на Португалија, дуел што ќе остане запаметен по неверојатното издание на Филип Кузмановски и 15-те погодоци на македонскиот капитен. Покажавме и квалитет и карактер, се вративме од „минус пет“ во второто полувреме, а немавме среќа во самата завршница, во последната минута да ги наградиме одличните одбрани на Томовски со победнички гол.

 

По мечот селекторот Кирил Лазаров беше доста лут, но рече дека не сака да коментира…

„Не знам дали смеам да кажам што ми е на душа бидејќи треба да бидам претпазлив да не навредам некого. Ние сме мала земја и многу сме деградирани. Ова не е алиби, но видовте сами. Ќе биде тешко во иднина да се бориме со вакви работи. Јавноста не сака не поддржува и тоа ме води. Од срце и душа им честитам на моите играчи што направија против полуфиналистот на претходното првенство. Изгубивме многу играчи уште во првото полувреме. Сите концепти ни се растурија и направивме хаос. Пробавме да го средиме тоа за време на паузата. Не почна како треба, но успеавме да ја најдеме формулата“, изјави Лазаров. 

Се вчитува...