Нант славеше убедлива победа на гостувањето кај Сан Рафаел со 24-29 и ја презеде лидерската позиција на табелата во првенството на Франција. Но, она што останува забележано како ретка ситуација е податокот дека Кире Лазаров на овој меч не запиша ниеден гол на овој меч. Македонскиот капитен имаше два шута, но без успешна реализација и две загубени топки и поголем дел од второто полуврме го мина на клупата.
За Нант ова е десетта победа во 11 одиграни натпревари во францускиот шампионат. Сан Рафаел кој е еден од противниците на Еурофарм Работник во групата во ЕХФ Купот, пак, го запиша четвртиот пораз сезонава.
Домаќините држеа чекор само во првите 12 минути до последното изедначување на 7-7, а потоа Нант ја презеде иницијативата и го заврши првото полувреме со предност од 11-14. Доминацијата на гостите продолжи и во вториот дел во кој Нант рутински ја зголемуваше предноста и на крај славеше сигурна победа.
Најефикасен во триумфот на Нант беше Давид Балагуер со седум од седум. За Сан Рафаел по четири гола постигнаа Даниел Сармиенто, Рафаел Кочето и Артур Виљерон.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА