Кире Лазаров е во топ-форма и продолжува да го води Нант во перфектна низа во францускиот шампионат. Ракометарите на Нант вечерва славеа на гостувањето против Истрес со 32-35, седма победа во низа за Лазаров и соиграчите, со која тие остануваат осамени на врвот на прволигашката табела во домашното првенство.
Македонскиот ас повторно одигра одличен натпревар, постигна пет погодоци без ниту едно промашување, а зад неговото име останаа запишани и две асистенции. Лазаров сите пет гола ги постигна со удари од девет метри, со оглед на фактот дека за пенали во Нант сезонава е задолжен Ривера, но македонскиот капитен уште еднаш на дело покажа колкаво е неговото значење за играта на актуелниот европски вицешампион.
Најефикасен при вечерашниот триумф беше Турнат со девет погодоци, а четири пати прецизен беше Хансен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА