Македонскиот капитен Кире Лазаров е во одлична голгетерска форма пред почетокот на подготовките со македонската репрезентација за ЕП во Хрватска. Во последниот натпревар првенството на Франција, Лазаров постигна пет гола од пет обиди во триумфот на Нант на гостувањето против Тулуз со 28-34.
За Нант ова е осма победа сезонава со која ќе презими на 6.место на табелата во Франција со вкупно 17 бода.
По завршувањето на клупските обврски со Нант, Лазаров ќе и се приклучи на македонската репрезентација во подготовките за јануарското ЕП во Хрватска кои официјално во полн состав стартуваат на 25 јануари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА