ЕКИПА во Вараждин,
Стеван Цаневски
Кире Лазаров не го криеше задоволството од одиграното од страна на македонската репрезентација на ова Светско првенство, последно големо натпреварување што нашиот национален го играше со Живко Мукаетов како претседател на федерацијата.
Успешниот бизнисмен најави дека на 1 март се повлекува по три мандати како прв човек на куќата на ракометот, а Лазаров веднаш по мечот му се заблагодари на Мукаетов за успешната соработка.
„Би сакал да ја искористам оваа можност за јавно да му се заблагодарам на Живко Мукаетов за поддршката што ни ја даваше во целиот овој период, со години наназад. Бевме заедно во добрите моменти, исто така и во лошите, но тоа само направи да бидеме уште поупорни за да успееме, и успеавме навистина – изградивме една нова генерација која игра квалитетен ракомет. Можам слободно да кажам дека тој е извонреден човек преполн со енергија, кој многу го сака спортот и ја сака Македонија, соработувавме беспрекорно и неговото заминување секако ќе остави трага“, изјави Кире Лазаров.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА