Македонија со победа ги стартуваше квалификациите за ЕП 2026, триумфирајќи на вечерашниот домашен дуел со Естонија со резултат 37-33. Се очекуваше многу полеен триумф на нашите ракометари, но слабата одбрана и 20-те примени гола во првото полувреме ја искомпликува задачата за селекторот Лазаров и неговите избраници.
Селекторот, Кирил Лазаров по мечотв изјави дека не очекувал толку тежок меч.
„Сите посакуваме победи за Македонија, но тие победи мора да се сработат. Јас повикав на претпазливост, но да бидам искрен не очекував толку тешко да добиеме. Ново искуство за мене дека мора секого да почитуваме. Естонија одигра модерен ракомет. Мораме и можеме подобро. Се надевам дека ова ќе биде поука за мечот со Литванија. Иако се подготвивме и сега ќе мора да се подготвиме многу повеќе за Литванија. Дресот на Македонија, тежи многу убаво е да се игра пред нашата публика, но мораме повеќе. Задоволен сум од победата бидејќи успеавме да добиеме тежок натпревар. Утрово кога станав ја гледав Литванија и јас можеби малку избрзав. Таму немаме победено со нив, затоа мора добро да се подготвиме и да се обидеме да стигнеме до триумф“, изјави Лазаров.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА