Унијата на професионални ракометари од оваа година за првпат почна да избира „дрим-тим на сезоната“, во која се најде место и за македонскиот ас Кире Лазаров, кој заслужено е избран за најдобар десен бек во светот.
Оваа здружение е формирано во 2008 година за време на Европското Првенство во Норвешка, со цел да ги штити правата и интересите на над 1350 машки и женски ракометари ширум Европа.
Ова е првпат Унијата на Професионални Ракометари да ги избира најдобрите, а во гласањето учествуваа сите членови, избирајќи ги своите „идеални седум“ за сезоната 2016/2017.
Во дрим-тимот доминираат репрезентативците на Данска, па така Никлас Ландин е најдобар голман, Микел Хансен, најдобар лев бек, а Ласе Сван најдобро десно крило. Покрај Кире Лазаров како најдобар десен бек, тука се и плејмејкерот на ПСЖ, Никола Карабатиќ, левото крило на „светците“ од Париз, Уве Генсхајмер, како и пивотот на Кјелце, Шпанецот Хулен Агинагалде.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА