ЕКИПА во Берлин,
Стеван Цаневски
Македонија е подготвена за последниот натпревар на ЕП 2024, на кој нашите ракометари за противник ќе ја имаат Швајцарија. На хартија, тоа е ривал против кој може да се надеваме на триумф, но Швајцарците со ремито против Франција пред два дена покжаа дкеа имале сериозен напредок во изминатиот период.
„Швајцарија завчера против олимпискиот првак Франција го покажа тоа што го зборуваме цело време, дека станува зборза квалитетна репрезентација, 60 минути играа добро. Имаа големи амбиции, очекуваа победа над Германија во првото коло, тоа не се случи, но со Франција покажаа за што се способни. Говориме за силен тим со екстра индивидуалци, за Енди Шмит не треба да се трошат зборви, тука е Зендер, првиот стрелец на Бундеслигата, голманот на европскиот првак Магдебург, Портнер, имаат и други одлични играчи. Нè очекува тешка работа. Сепак, ако на некој меч имаме каква таква шанса за успех, тоа е секако овој“, смета Лазаров.
Клучно ќе биде да се среди главниот проблем во досегашниот дел н шампионатот, огромниот број на загубени топки со кои им „подарувавме“ лесни голови на противниците на првите две средби.
„Фаворитската улога му ја препуштаме на противникот, но верувам дeка ако одиграме добро, онака како што знаеме, можеме да се надеваме на нешто. Имаме доста да поправиме, први сме по технички грешки, ќе гледаме да го намалиме нивниот број. На моменти и противникот ве тера да грешите, ако грешиме помалку на поставена одбрана, мислам дека имаме шанса за позитивен резултат“, анализира Кире Лазаров.
Пристапот мора да биде вистински, да се излезе на терен со чиста глава и да се остават зад себе поразите од првите две рунди од шампионатот.
„Во ист хотел сме со Швајцарците, им го знаеме менталитетот, тие беа воодушевени од нашата игра со Франција, но секој ден е нов ден, ништо не се знае однапред. Видовте Хрватска победи со 10 гола разлика над Шпанија, па ремизираше со Австрија. Треба да излеземе на терен со чисти глави, да дадеме максимум и да се надеваме дека ќе победиме“, порачува селекторот Лазаров.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА