Лазаров ги избра 18-те ракометари за Краков, тројца играчи отпаднаа од финалниот список

Селекторот Кире Лазаров по вечерашниот тренинг и официјално го скрати списокот на играчи, соопштувајќи ја листата од 18 играчи кои ќе ги бранат боите на Македонија во првата фаза од СП 2023 што нашата национална селекција ќе ја игра во Краков.

Во однос на ракометарите кои беа дел од подготовките во последните дваесетина дена, Лазаров мораше да се откаже од тројца репрезентативци, а по долго размислување изборот падна на голманот Марко Кизиќ, левото крило Цветан Кузманоски и десниот бек Давид Савревски.

Меѓу осумнаесетмината патници очекувано се најдоа и Никола Митревски и Филип Талески, кои ги надминаа проблемите со повредите поради кои не настапија на турнирот во Хрватска.

 

СОСТАВ МАКЕДОНИЈА

Никола Митревски

Мартин Томовски

Петар Атанасијевиќ

Дејан Манасков

Гоце Георгиевски

Ненад Костески

Филип Талески

Иван Џонов

Павле Атанасијевиќ

Филип Кузмановски

Игор Ѓоргиев

Михајло Младеновиќ

Мартин Серафимов

Томи Јагуриновски

Жарко Пешевски

Никола Маркоски

Костадин Петров

Марко Стојковиќ

Се вчитува...