Ракометната репрезентација на Македонија влезе во последната фаза од подготовките за настапот на Европското првенство. Б
Нашата репрезентација ќе настапи на квалитетен турнир во Швајцарија, а пред заминувањето за оваа европска држава селекторот Кирил Лазаров го скрати списокот и ги одбра деветнаесетте патници на Европското првенство. Веќе беше познато дека Томислав Јагуриновски отпадна од комбинација поради повреда, а со тимот нема да патува и Мартин Ивановски од Алкалоид.
Согласно натпреварувачката форма и здравствена состојба на играчите, последниот ракометар кој беше дел од досегашниот процес на подготовки, а по одлука на стручниот штаб отпадна од списокот патници на Европско, е Мартин Ивановски.
Македонската машка ракометна репрентација во раните утрински часови ќе отпатува во Швајцарија, каде финалното темпирање на формата ќе го има на пријателските натпревари во рамки на ,,Жолтиот куп”.
Распоред:
08.01. Македонија – Бахреин, 20.30
09.01. Македонија – Украина, 17.45
10.01. Македонија – Швајцарија, 18.30
Конечен список на Македонија за ЕП:
Иван Галевски
Петар Атанасијевиќ
Никола Костески
Филип Кузмановски
Игор Ѓорѓиев
Жарко Пешевски
Михаил Аларов
Мартин Велковски
Самоил Ристевски
Никола Митревски
Мартин Томовски
Иван Џонов
Ненад Костески
Марко Митев
Павле Атанасијевиќ
Марко Стојковиќ
Никола Марковски
Мартин Серафимов
Дамјан Митев
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

