Лазаров го објави списокот за квалификациските мечеви против Словенија

Селекторот на машката ракометна репрезентација Кирил Лазаров го објави списокот на повикани ракометари за претстојните квалификациски натпревари за пласман на ЕП 2026 кое што ќе се игра во Данска, Шведска и Норвешка.

На списокот на Лазаров се најде само едно ново име кое не настапи на Светското првенство во Хрватска. Се работи за младиот Дамјан Митев кој треба да ја зголеми конкуренцијата на левата бековска позиција.

Во рамки на ЕХФ неделата нашата сениорска селекција ќе оддигра двомеч против селекцијата на Словенија. Нашата сениорска репрзентација првиот натпревар ќе го оддигра во СЦ „Борис Трајковски“ на 12.03. 2025 година со почеток во 20.00 часот, а потоа на 16.03. 2025 ќе гостува во Словенија, а натпреварот ќе се оддигра во Копер со почеток во 18.30 часот.

Првиот собир е закажан за 9. март (понеделник) во 13.30 часот во хотел „Александар Палас“ во Скопје.

Се вчитува...