Ракометната репрезентација на Македонија вечерва од 18:30 часот во Копер ја очекува вториот натпревар со Словенија во квалификациите за ЕП 2026.
Исклучително тежок натпревар за македонските ракометари во траорен ден за Македонија по големата трагедија во Кочани. Но, мора да се игра за националниот тим, за себе и за цела Македонија.
Селекторот Кирил Лазаров направи две замени во во однос составот ода натпреварот во „Борис Трајковски“ против Словенците.
Македонија ќе има нов голман во Копер, на местото на Марко Кизиќ на голот ќе биде младиот Иван Галевски, а од комбинација отпадна и Томислав Јагуриновски, па во составот се најде Александар Петковски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА