Најдобриот македонски ракометар Кире Лазаров го предводеше Нант до триумф над Шамбери (27-24) во осминафиналето на Купот на Франција против Шамбери. Капитенот на нашиот национален тим беше најдобар стрелец и постигна седум гола.
Првиот дел беше неизвесен и гостинскиот состав ја имаше предноста. Тие ја одржуваа минималната позитива и на пауза отидоа со водство од 13-15. Нант се врати на стартот на второто полувреме со одлична серија од 7-2 и по десет минути изгради комфорна предност.
Во четвртфиналето, покрај Нант се пласираа и екипите на ПСЖ, Монпелје, Екс, Данкерк, Шартр, Иври и на Кретеј.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА