Селекторот на ракометната репрезентација на Македонија, Кирил Лазаров го скрати списокот на 20 ракометари за Светското првенство во Хрватска.
Од поширокиот список отпадна Филип Талески кој не беше дел од репрезентацијата ниту во квалификациите за ЕП, а само замена остана Мартин Томовски кој минатиот период беше дел од сите големи настани на нашата репрезентација.
Неговото место ќе го заземе најталентираниот македонски голма, Иван Галевски кој ќе има деби за Македонија на големите натпреварувања.
Македонија на СП 2025 во групата ќе игра натпревари против Унгарија, Холандија и Гвинеја. Три репрезентации ќе продолжат во Главната рунда каде што ќе вкрстат со трите подобри тима од групата во која се Франција, Австрија, Катар и Кувајт.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА