Лазаров го соопшти списокот за контролата против Австрија

Машката ракометна репрезентација на Македонија ќе одигра контролен натпревар против Австрија во рамките на ЕХФ неделата во март.

Селекторот Кирил Лазаров го закажа собирот на репрезентативците за 17 март (вторник), а за овој тест-меч повика 19 ракометари. Во составот е вклучен само еден играч од странство, голманот Мартин Томовски.

Меѓу повиканите се враќа кружниот напаѓач на Вардар, Милан Лазаревски, додека неколку клучни имиња ќе отсуствуваат како голманот Никола Митревски, Жарко Пешевски, Мартин Серафимов.

Пријателскиот дуел е закажан за 21 март (сабота) со почеток во 18:00 часот во Брегенц, Австрија, во арената „Риден Ворклостер“.

Се вчитува...