Кире Лазаров има причина да биде задоволен од формата на Алкалоид на стартот од сезоната откако неговиот тим за само неколку дена најпрвин го совлада Е. Пелистер во Супер-купот на Македонија, а денеска беше подобар и од Вардар на стартот од новата суперлигашка сезона.
Алкалоид и во двата меча имаше целосна контрола над мечот и одигра исклучително зрело, на крајот заслужено радувајќи се на големи победи.
„Можам да кажам дека сум горд на моите играчи за тоа што го направија. Не е лесно, јас никогаш не сум ласкал некому ако тоа не го заслужува. И Е. Пелистер и Вардар имаат одлични екипи со сериозни тимови и нема да биде лесно. Тие и во своите европски натпревари ќе прават проблеми на големи екипи. Горд сум, покажавме зрелост, работевме доста. Можеби сме во подобра форма од двете екипи и победивме. Мислам дека пелистерци одиграа премногу натпревари во подготовките, а Вардар одигра доволно ама имаше една луфта од две недели во кои не играше и немаше ритам. Мислам дека тука е нашата предност која ја искористивме. Имавме залет од освојувањето на Суперкупот, а и денес се покажавме во одлично светло“, истакна Кире Лазаров.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА