Ракометарите на Алкалоид со предност од eдинаесет гола (42-31) ќе патуваат на реваншот во Литванија против Клаипеда во 2. коло од новата сезона во ЕХФ купот.
По мечот тренерот на „фармацевтите“ Кирил Лазаров изјави дека е горд на неговите играчи.
„Горд сум на мојот тим, имам голем респект за Клаипеда, затоа што кажав пред мечот дека се добар тим. Никој не очекуваше вака висока победа од 11 гола. И покрај високиот триумф нема да се опуштиме, јас се уште мислам дека тие се добар тим и мора да внимаваме. Ние бевме подготвени за нивниот стил на игра, победивме еден не многу популарен, но добар ривал. Реваншот ќе биде тежок, посебно ако имаме лош пристап. Ова беше меч со европски ритам. Играчите се уверија дека она кое го зборував не беше само фолирање. “, изјави Лазаров по мечот.
Реваншот меѓу Драугас Клаипеда и Алкалоид се игра за седум дена во Литванија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА