Лазаров и Нант без проблеми на гостувањето кај Нанси

Кирил Лазаров и неговиот Нант стигнаа до убедлива победа на гостувањето кај Нанси од 24-32 во натпреварот од претпоследното 29. коло во француската ракометна прва лига.

Домаќините одиграа одлично прво полувреме во кое цело време беа во егал со големиот фаворит, а на пауза заминаа со нерешен резултат 16-16. Сепак, во вториот дел гостите уфрлија во поголема брзина и ја оправдаат фаворитската улога добивајќи го на крајот мечот со убедливи осум гола разлика 24-32.

Нант со оваа победа ја обезбеди втората позиција на првенствената табела, веднаш зад шампионот Пари Сен Жермен. Тоа значи дека овој тим следната година повторно ќе биде дел од Лигата на Европа.

 

 

Се вчитува...