Кире Лазаров и Нант експресно се рехабилитираа од поразот на дербито со ПСЖ, па во третото коло од француското првенство ја забележаа втората победа. Нант вечерва го пречека незгодниот состав на Сан Рафаел, а Лазаров и соиграчите ја добија оваа битка триумфирајќи со 28-22.
Иако конечниот исход делува убедливо, мора да се истакне дека на неколку минути до крајот Нант водеше само со 24-22, а домаќините дури во завршницата го скршија целосно отпорот на гостинскиот состав.
Кире Лазаров го заврши натпреварот со три погодоци, а најефикасни кај Нант беа Турнат со шест и Ривера со пет постигнати гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА