Кире Лазаров славеше во меѓусебната пресметка со Дејан Манасков, во дуелот на Нант и Веспрем во рамките од „Шпаркасе купот“. Францускиот тим со Лазаров во своите редови успеа да триумфира со 34-32 над унгарскиот ракометен џин, уште еднаш покажувајќи дека неслучајно има големи амбиции во пресрет на новата сезона.
Мечот беше израмнет се до 48. минута, кога резултатот гласеше 25-25. Тогаш токму Лазаров постигна гол за отворање на серијата од 3-0 на својот тим, со која Нант успеа да се одлепи, а потоа и рутински да ја одржи позитивата до самиот крај. Веспрем последен пат се приближи до 31-30, но следеше погодок на Емоне, со што францускиот состав не дозволи камбек на противникот и заслужено стигна до победата.
Македонскиот „бомбардер“ го заврши овој дуел со три гола, сите во второто полувреме, додека на спротивната страна Дејан Манасков исто така три пати се запиша меѓу стрелците, но крилото трите погодоци ги постигна во првите 30 минути. Најефикасни на натпреварот беа Клер кај Нант и Илиќ кај Веспрем со по шест гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА