Кирил Лазаров и неговиот Нант се пласираа во четвртфиналето на Купот на Франција, откако вечерва во осминафиналето славеа на гостувањето кај Данкерк со 29-38.
Домаќините подобро го отворија натпреварот и одиграа феноменално прво полувреме, по кое успеаја да заминат и со два гола предност на пауза 20-18. Сепак, Нант покажа зошто е еден од најдобрите тимови во францускиот шампионат и буквално по паузата го преслуша својот противник.
Во вторите 30 минути Кирил Лазаров и компанија му дозволија на противникот само девет гола и на крајот стигнаа до убедлив триумф од 29-38. Македонскиот селектор и капитен натпреварот го заврши со три гола од вкупно четири обиди, додека Валеро Ривера со осум гола беше прво име во таборот на победникот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА