Кире Лазаров и Нант излегоа како победници од денешното дерби на француското првенство против Монпелје, дуел што македонскиот ас и соиграчите го добија со 34-28. Пресудно беше првото полувреме во кое Нант доминираше на теренот поведувајќи со 20-11, предност што домашните ракометари рутински ја одржаа во второто полувреме.
Македонскиот ветеран беше на висина на задачата постигнувајќи три гола со само едно промашување, а најефикасни во таборот на Нант беше Ривера и Монар со по пет погодоци.
Нант по три одиграни кола има две победи и еден пораз, додека Монпелје по првите три одирани средби има една победа, едно реми и еден пораз.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА