Ракометната репрезентација на Македонија со убедлив триумф над Луксембург од 38-24 ги стартуваше квалификациите за пласман на Европското првенство 2024 година во Германија.
Селекторот Кирил Лазаров по мечот и покрај убедливата победа не е задоволен поради големиот број грешки кои ги напраиле во второто полувреме.
„Многу е тешко да ја држиш мотивирана екипата на позитива од 11 гола на полувреме. Затоа мислам дека попуштивме во второто полувре. Им кажав на играчите да го искористиме вториот дел за тренинг, но направивме многу грешки кои со посилни репрезентации многу ќе не чинат. Ракометот е спорт број еден и македонската публика може да те слави, но може да биде и обратно. Мислам дека на младите играчи многу ќе им значи овој меч бидејќи имаме постара екипа млади играчи и млади играчи.
За мечот со Турција вели дека ќе биде клучен во овој квалификациски циклус…
„Одиме во Турција за три дена и сметам дека тој меч е најважен во овие квалификации. Тоа е жежок терен и мислам дека ќе биде клучен мечот. Чест и задоволство ми е што можам да водам вака перспективна и квалитетна екипа и ќе напредуваме како минува времето. Се гледа дека фалат натпревари и затоа се надевам дека во иднина ќе напредуваме“, заврши Лазаров.
Во второто коло избраниците на Кирил Лазаров во недела ќе и гостуваат на Турција во Ван, а натпреварот е со почеток во 16 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА