Кире Лазаров и Нант не успеаја да стигнат дод полуфиналето во Купот на Франција, откако го загубија четвртфиналниот дуел со Шамбери со резултат 36-33. Нант одигра катастрофално во финишот од првото полувреме, на одмор замина со негатива од 20-15, но во вториот дел успеа да се врати и да израмни на 24-24. Сепак, во клучните моменти гостинските ракометари не беа на висина на задачата, а Шамбери знаеше како да го искористи тоа и да стигне до победата.
Кире Лазаров немаше свој ден и постигна само два погодоци од вкупно пет обиди кон противничкиот гол.
Својот настап во Купот на Франција го заврши и тимот на ПСЖ, кој беше поразен од Монпелје со 32-31. „Светците“ се вратија од негатива од 25-20 во второто полувреме, но загубија неколку топки во нападот „седум на шест“ и на крајот претрпеа минимален пораз. Ова е само втор пат во последните седум години ПСЖ да не игра финале во Купот на Франција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА