Одличниот настап во клучниот меч со Чешка беше доволна причина за двајца македонски репрезентативци да се најдат во дрим-тимот за завршните две кола од овој квалификациски циклус. ЕХФ утрово го објави идеалниот тим за петтото и шестото коло од квалификациите за ЕП, во кој прв голман е Борко Ристовски од Македонија, а најдобар десен бек очекувано е нашиот капитен Кире Лазаров.
„Бомбардерот“ постигна единаесет погодоци на дуелот со Чешка, додека Ристовски беше импресивен на голот со бројни фантастични интервенции, спа двајцата сосема заслужено се најдоа во овој избор на најдоброто од финишот на квалификацискиот циклус.
„Вардарецот“ Вуко Борозан е избран за најдобар лев бек, а во идеалниот тим имаше место и за Валур Сигурдсон (Исланд, лево крило), Томаш Бабак (Чешка, среден бек), Кристијан Бјорнсен (Норвешка, десно крило) и Бјарте Мирхол (Норвешка, пивот).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА