Лазаров: Имаме добра победа, но не чека тежок реванш дуел во Норвешка

Ракометарите на Алкалоид на најдобар можен начин ја завршија својата прва задача од полуфиналната пресметка во Европскиот куп на ЕХФ. Трумфирајќи со 42-37 против норвешки Рунар, избраниците на Кирил Лазаров сега чекорат кон финалето на Европскиот Куп и покрај тоа што се свесни дека ги очекува повеќе од тежок реванш за седум дена.

„Сите очеквавме тежок натпревар, затоа што добро бевме запознаени за квалитетот на Рунар, кој игра добро цела сезона и во лигата и во Европскиот Куп. Сега имаме предност од пет гола за реваншот, но јасно е дека ќе мора добро да се подготвиме за истиот. Сигурен сум дека реваншот ќе биде многу потежок од денешниот натпревар“ – истакна тренерот Лазаров на прес-конференцијата по мечот, притоа дополнувајќи:

„Ако искрено зборуваме, можеби и не ја заслуживме победата со пет гола, но таа е добредојдена и како начин за подготовка за она што не очекува на реваншот“.

Реваншот дуелот меѓу Алкалоид и Рунар се игра на 27 април од 17 часот во Сандефјорд, Норвешка.

Се вчитува...