Селекторот на сениорската машка ракометна репрезентација на Македонија, Кирил Лазаров e задоволен по ждрепката за квалификациите за пласман на Европското првенство 2026 година.
Македонија ќе игра во групата 1 против Словенија, Литванија и Естонија. Според Лазаров не смее да се потцени ниту една селекција во групата, но јасно е дека ја носиме фаворитската улога против Литванија и Естонија.
„Задоволен сум од ждрепката. Мислам дека имаме реални шанси да се пласираме на следното Европско првенство. Не смееме во ниту еден случај да ги потцениме селекциите на Естонија и на Литванија. Додека со Словенците ќе пробаме да издвојуваме барем една победа, знаеме дека се работи за квалитетен национален тим кој што успеа да обезбеди Олимписка виза за Париз 2024 година“ – вели селекторот Лазаров.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА