Најголемото македонско ракометно име во историјата, Кире Лазаров гостувајќи во најновиот спортски подкаст „ПРЕСИНГ“ на ЕКИПА.МК, меѓу бројните теми зборуваше и за постојаните критичари на домашната спортска сцена, но и продолжувањето на селекторската функција на Македонија.
Македонската репрезентација оваа пролет се избори за ново учество на европско првенство, во континуитет продолжувајќи со настапите на најголемите собири. Но, не се непознати и критики од поединци на сметка на работата на националниот тим.
„Кога се враќав во Македонија многумина ме прашуваа дали знам каде се враќам. Па, секако дека знам, им одговарав, јас ја сакам Македонија и сакам тука да работам. Но, потоа со текот на времето гледаш зошто те предупредувале на тој начин. Во Македонија е многу тешко да се работи затоа што има поединци кои работат на дневна база со ситни измами а на штета на се. Само што не сфаќаат дека, на тој начин, работат само на штета македонскиот спорт и на македонското општество, а не на мене“ – вели Лазаров, осврнувајќи се на критичарите, притоа нагласувајќи:
„Јас знам што сакам. Ако не сум тука, ќе бидам на друго место. Ќе биде тешко, но знам дека ќе успеам! Ако вие сакате мене да ме искористите ете сум тука на располагање. Ако не, ќе си подадеме рака, догледање и продолжуваме понатаму“.
ПОГЛЕДНЕТЕ ГО КОМПЛЕТНИОТ РАЗГОВОР НА ДАРКО ПАНЧЕВ СО КИРЕ ЛАЗАРОВ ВО „ПРЕСИНГ“…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

