Лазаров: Ќе биде тешко на СП, но верувам дека можеме да бидеме изненадување

Селекторот на ракометната репрезентација на Македонија, Кирил Лазаров го имаше првиот собир за подготовките за Светското првенство кое на почетокот на следната година ќе се игра во Полска и Шведска.

За очекувањата околу шампионатот, Лазаров вели дека иако сме аутсајдери во една тешка група со Норвешка, Холандија и Аргентина, неговите ракометари се мотивирани и се надева дека можеме да бидеме изненадување на шампионатот.

„Видов голема желба кај моите играчи и мотивираност за докажување што многу ме радува. Успех е самиот план на Мундијалот, но ќе направиме се да се пласираме во вториот круг. Нема да биде воопшто лесно, но ќе се обидеме да направиме изненадување како аутсајдери. Имам идеја и стратегија и се надевам дека ќе одработиме добро на подготовките и тоа ќе го спроведеме.  Сепак, во текот на оваа година помладите играчи добија на самодоверба и можам слободно да кажам дека јас, Стоилов и Миркуловски помогнавме, но мечевите со Романија и Чешка ги извлекоа помладите. Напредувавме многу овој период, што покажа дека доминантно ги победивме Турција и Луксембург. Со голем дел од сегашните репрезентативци летово првпат се боревме и за медал на Медитеранските игри. Имаме многу тешка група и не треба да делиме зборови за Норвешка. Холандија е во страшен подем и Аргентина која на минатото Светско првенство направи одлични резултати, а славеше и против Хрватска предводена од Лино Червар. 

Репрезентацијата подготовките ќе ги почне без голманот Никола Митревски кој ќе се приклучи на 23. декември, како и Филип Кузмановски кој поради обврски во Бундеслигата со неговито Хановер ќе дојде на 28. декември.

Се вчитува...