Лазаров: Мечот со Гвинеја е круцијален за нас, сигурно нема да калкулираме…

ЕКИПА во Вараждин,

Стеван Цаневски

Кире Лазаров го остави зад себе максимално стресниот дуел со селекцијата на Холандија, по што македонскиот селектор погледите ги насочи кон утрешниот меч со Гвинеја, кој е од решавачко значење за нашиот пласман во следната рунда.

Африканците делуваа како потпросечна репрезентација на првите две средби, но Лазаров е решен детално да ги анализира, да постави игра, но и да инсистира на максимално залагање од своите избраници, без ниту ронка потценување на противникот.

Се вчитува...