Селекторот Кире Лазаров имаше причина за задоволство од играта на Македонија на денешниот прв контролен натпревар против Црна Гора што нашата национална селекција го доби со 38-33.
Лазаров имаше можност за експериментирање и воигрување на одредени тактички замисли кои во голем дел вродија со плод, Македонија поведе и со десет гола предност во вториот дел, а позитивата се „стопи“ до „плус пет“ пред самиот крај на мечот.
„Генерално сум задоволен од она што го видов, секако дека има причини за задоволство, но има и голем простор за напредок. Токму затоа се добри овие натпревари, за воигрување и кревање на формата. Црна Гора можеби беше играчки ослабена, но тоа секогаш е еден незгоден ривал кој игра цврст ракомет, габаритна селекција што никогаш не можеше лесно да ја добиете без борба. Во финишот паднавме, но можеби е подобро што не победивме со десет гола, да не се опуштиме премногу бидејќи јас навистина гледам простор за голем напредок во однос на она што го видов денеска. Продолжуваме да работиме и да напредуваме, има доволно време до почетокот на СП“, изјави Лазаров за ЕКИПА.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА