ЕКИПА во Вараждин,
Стеван Цаневски
Младиот македонски голман Иван Галевски ќе има шанса за мундијалско деби откако Кире Лазаров реши да го вклучи чуварот на мрежата на Алкалоид во протоколот за вечерашниот дуел со Франција.
Марко Кизиќ бранеше квалитетно против Гвинеја и Катар, но Лазаров сепак се реши да го пресели овој голман на клупата, за на последниот мундијалски дуел шанса да добие Галевски.
Се очекува натпреварот да го почнеме со Никола Митревски на голот во стартниот тим, а Галевски би требало да добие шанса во текот на мечот, токму против една од најсилните светски репрезентации.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА