Селекторот Кире Лазаров очекува во наредните денови да ги види на дело ракометарите кои се во комбинација за настап наЕП 2024.Двете средби со Грција ќе послужат како добра можност за воигрување на тактичките замисли на селекторот, кој е полн со респект за наредниот ривал,
„Јас повикав 22 играчи на овој собир на ЕХФ неделата, во која ќе немаме официјален натпревар, но затоа имаме пријателски мечеви. Ќе пробаме максимално да ја искористиме оваа недела и за тренинзи, но меѓутоа да видиме до каде и со натпреварите. За противник имаме сериозен противник, противник кој е во подем. Тоа е репрезентацијата на Грција, која е учесник на ЕП, каде што сме и ние. Мислам дека играчите од типот на Милан Лазаревски кој го заслужува повикот, еве повеќе време во дресот на Вардар пружа одлични игри и тоа на квалитетни натпревари и тоа во квалификациите за Европската лига против РНЛ, потоа во мечеви против Пелистер. Тука е и постариот Костески кој што е најдобар стрелец во првенството на Чешка. Секако дека заслужуива шанса да му се даде, тој е на местата на нашата легенда Гоце Георгиевски. Тој е тука заедно со неговиот брат Ненад, кој што е голем потенцијал. Сакам да пробам уште неколку играчи. Да, списокот е подолг, секако дека ќе се скрати на 17, можеби и 19 играчи, на кој што ќе сметам.Ќе пробаме да ги искористиме овие денови максимално, да пробаме да се спремиме на она што не очекува на ЕП“, изјави Кире Лазаров.
Проблем за селекторот сигурно претставува малата минутажа што дел од ракометарите ја добиваат во своите клубови.
„Мислам дека доста треба да за разговара на тоа прашање, тоа е тоа. Тоа е тоа што го имам. Јас е надевам дека, со оглед на тоа дека ние сме мала земја, по клубовите, посебно по македонските клубови, во иднина ќе добиваат поголем улога и не само на послаби натпревари, туку и на посилни. Тоа ни е битно за националниот тим. Но реков, што е тука е, ќе ја видиме моменталната ситуација и ќе пробаме до периодот што следува до 21 декември каде што ќе биде нашиот официбален прв собир за ЕП, да пробаме нешто со нашиот кондициски тренер, со нашиот медицински тим да да им даде нешто дополнително да работат. Да можат колку толку да надополнат таа минутажа што ја немаат посебно на квалитетни мечеви на тие нивни клубови. Ние немаме што ни многу да коментираме на оваа тема нешто повеќе. Направивме да кажам комплетна смена на генерацијата, останува уште Николче Митревски кој што заслужува повик иако е во години. За мене нема стари и млади, за мене има добри и лоши играчи. Уште имаме 2-3 играчи над 30 години кој што не се стари играчи, тоа се играчи кои што се во вистински години кои што можат да придонесат уште за оваа национална селекција“, истакнува Лазаров.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА