Ракометарите на македонскиот вицешампион Алкалоид вечерва ќе и гостуваат во Нови Сад на српска Војводина во меч од 5. коло во Лигата на Европа.
Иако нашиот тим ги загуби шансите за пласман во следната рунда, тренерот Кирил Лазаров вели дека ваквите натпревари се добредојдени за неговите млади ракометари.
„Војводина е сериозен противник со докажани играчи на европската сцена и квалитетен ростер. Тие се екипа која лани освоија европски пехар, а имаат големи амбиции и сезонава и во иднина. Овие натпревари за нас се добредојдени и преку нив добиваме големо искуство. Тоа е особено важно за нашите млади ракометари, голем процент од нив прв пат играат европско клупско натпреварување. Спремни го дочекуваме овој натпревар и очекувам квалитетна игра, голема борбеност и мотивираност од моите играчи“, изјави Лазаров.
Натпреварот меѓу Војводина и Алкалоид е со почеток во 18.45 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА