ЕКИПА во Хернинг,
Стеван Цаневски
Кире Лазаров генерално гледано е задоволен од играта и изданијата на нашата ракометна репрезентација, но селекторот не крие дека очекува повеќе од неколку ракометари кои се дел од нашата експедиција во Хернинг.
Така, Лазаров на последниот собир со медиумите пред дуелот со Романија јавно проговори од кои играчи оочекува повеќе на денешниот клучен натпревар.
„Марко Митев се мачеше со незгодна повреда, долго беше надвор од терените, последиците од таа повреда се причината поради која не е на посакуваното ниво. Се бори, работи напорно, но ефектот на првите два меча не му е во рамките на посакуваното. Истото е случај и со Никола Костески, кој исто така влечеше незгодна повреда и тоа остави трага врз неговата форма. Мислам дека на првите две средби немаме ниту еден гол од десно крило, тоа е позиција од која секако очекуваме повеќе. Од друга страна, имаме аспекти во играта и играчи кои се над очекувањата на првите две средби. Наша цел е тие да го задржат тоа високо ниво против Романија, a од друга страна оние кои не се во посакуваниот ритам да влезат во топ-форма за овој последен меч. Ако успееме во тоа, верувам дека резултатот ќе биде онаков каков што посакуваме“, истакна Лазаров.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

