По мечот тренерот на Алкалоид, Кирил Лазаров вели дека не е разочаран од неговите ракометари…
„Тешко е сега да се каже, треба да му се честита на тој што победи, ние сакаме фер – плеј. Сакам да им честитам на моите играчи кои имаат една многу тешка сезона и покрај сите хендикепи што ги имаме, играме егал со екипи со подобри ростери, можам да кажам со интернационални играчи. Секако дека тоа ме прави горд. Имавме напад за победа, значи ние ја донесовме оваа средба таму каде што сакавме, не успеавме да реализираме. Јас и пред мечот кажав дека очекувам неизвесен натпревар зошто завршниците се неизвесни. Му честитам на Вардар, ние имаме свој пат, по тежок пат одиме. Мора да кажам дека не сум разочаран, напротив, горд сум на целиот тим и на екипата како функционираше. Знам како е да се функционира квалитетно и константно во текот на целата година, како што кажав со сите хендикепи. Тоа е тоа. Пресудија детали, можеби имаме малце респект кон името Вардар, тоа нашите млади играчи тоа треба да го надминат, да им стане јасно дека ова е терен 40-20 и без разлика како се вика противникот и кој игра. Треба тоа да го научат, полека го учат. Тоа оди споро и од време на време ќе платиш некоја казна и данок“, изјави Лазаров.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

