Кире Лазаров може да биде задоволен од играта во нападот на дуелот со Хрватска, но никако и од одбранбеното издание во кое нашата репрезентација прими 40 гола.
Сепак, македонскиот селектор на овие контолни натпревари гледа како на добра можност за создавање на силен колектив, потенцирајќи ги поуките што треба да се извлечат од поразот од „коцкестите“.
„Ова беше добредојден контролен натпревар со одличен противник, пред полна сала на гостински терен. Делумно можеме да бидеме задоволни од начинот на ига, но не и од комплетниот натпревар. Она што треба да го научиме е како да се добие натпревар со квалитетен противник, но тоа воопшто не е лесно. Не смееме да се задоволуваме само со квалитетна игра, мечот ссе игра за да се победи“, изјави Лазаров.
Македонските ракометари денеска ги очекува нов дуел на „Кроација куп“, овојпат против селекцијата на Израел, што воедно ќе биде и последна контрола пред почетокот на СП 2023 во Краков.
„Ме интересира како ќе изреагира тимот денеска, во какво светло ќе се претстави бидејќи ова ќе биде втор меч со квалитетен ривал за 24 часа. Ќе имаме комплетна слика по денешниот натпревар“, вели македонскиот селектор.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

